Во општина Радовиш ќе се отвори нов работен хаб (центар) на заедницата. Со оваа локална акција на заедницата ќе се опремат три простории кои ќе служат како работен хаб со предавална за обуки и студио за подкаст, наменети за сите жители, со посебен акцент на младите.
 
Реализацијата на акцијата се официјализираше со потпишување меморандум за соработка со Општина Радовиш, Здружение „Круна плус“ - Радовиш, „Евтимов“ ДООЕЛ, „Центар за транскултурна комуникација Софт-Скилс“ и „Dispatch 24/7“.
 
Како локален партнер во имплементацијата на Програмата на УСАИД за развој на заедницата која ја поддржува оваа акција на заедницата е Локалната акциска група Плачковица која ја покрива оваа територија.
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.