Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Н.Е. Анџела Агелер, и ВД. Директорот на Канцеларијата на УСАИД за економски развој, г. Кристофер Доџ, ги посетија децата во едукативниот центар и разговараа со градоначалникот на општина Босилово, г. Ристо Манчев, и жителите за предизвиците со кои тие се соочуваат и како истите може да се надминат.
.jpg)
Членовите на локалната заедница, компании од приватниот сектор, локални граѓански организации и Програмата на УСАИД за развој на заедницата ги здружија своите сили во поставување и опремување на новиот предучилиштен едукативен центар „Огражденски пеперутки“ кој се наоѓа во селото Радово, општина Босилово.

Од почетокот на септември, околу 20 деца од регионот се запишаа во едукативниот центар. Поставувањето на центарот е поддржан од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементираме во соработка со ЛАГ Беласица Огражден и останати четири Локални акциски групи.

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.