Ова лето со здружени сили на заедницата и партнерите од бизнис секторот се обезбеди поддршка за активностите за учениците со попречености од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ - Скопје.
 
 
 
Преку соработката на неколку проекти на УСАИД од програмата #LocalWorks меѓу кои и Програмата на УСАИД за развој на заедницата која ја имплементира Мрежата за рурален развој на Северна Македонија во соработка со пет Локални акциски групи, 45 ученици се вклучија во 12 групни активности и 580 часа исполнети со многу учење и забава.
 
Партнерство помеѓу Мрежата за рурален развој на С. Македонија со училиштето продолжува и во наредниот период за заедно да се унапредува инклузивноста во образованието и локалната заедница.
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.