Денеска заедно со Претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија - Џери Дајбл, градоначалникот на Општина Ново Село - Ѓорѓе Божинов и градоначалникот на Општина Босилово - Ристо Манчев бевме во Ново Село и Босилово каде ги посетивме новите локации за заеднички акции, иницирани и спроведени од локалните чинители.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементираме заедно со ЛАГ Беласица Огражден и останати 4 Локални акциски групи.
Поддршката од градоначалниците на овие две општини е навистина клучна за локалниот развој. Нивната проактивност и вклученост во овие локални акциски групи е мотивација за жителите кои се залагаат за унапредување на квалитетот на живот во руралните средини.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.