Индустриската зона Барта во Богданци која се наоѓа на територија на ЛАГ Бојмија ќе добие современа фекална канализација со што ќе се подобри управувањето со отпадни води во индустриската зона и ќе се овозможат подобри услови за живот на локалното население.

 

 

Во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, ќе се инвестира во изградба на нов крак од фекалната канализација преку соработка на локалната заедница - општината, јавното комунално претпријатие, локалните бизниси, здруженијата на граѓани и локалните жители. Партнерството се официјализира со потпишување на Меморандум за соработка во општина Богданци.

Меморандумот го потпишаа претставници од Мрежата за рурален развој со партнерот ЛАГ Бојмија и ТУРАН Иван ДООЕЛ увоз-извоз Богданци, НЕОКОМ АД Скопје, Риве Шпед ДООЕЛ Богданци, ЗГ „Центар за животна средина и одржлив развој“, Општина Богданци и ЈП „Комунална чистота“ - Богданци кои ќе бидат вклучени во реализација на заедничката акција.

Очекуваните резултати од реализацијата на оваа проектна иницијатива се:

  • Зголемен ангажман на бизнис заедницата во идентификување и решавање на проблеми во заедницата
  • Нов пристап во финансирање на утврдените приоритети
  • Одржување чиста животна средина преку изградба на систем за прибирање и одведување на отпадните води
  • Создавање ново партнерство меѓу членовите на заедницата
  • Подобрена инфраструктурата на индустриските зони во Богданци

 

 

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.