Претставниците на „Мрежата за рурален развој на СМ“ – имплементатор на Програмата на УСАИД за развој на заедницата остварија работна средба со претставници од Фондацијата „Прогресив Академија“ на која беше разговарано за оваа Програма како и тековните активности и програми кои ги спроведува Фондацијата во поглед на развој на едукативни програми, бизнис акцелерација и активности за развој на заедницата.

 

 

Дополнително, на состанокот акцент беше ставен и на целите за одржлив развој на руралните средини преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата. Тимот на „Мрежата за рурален развој на СМ“ имаше можност да се запознаат и со активностите на „Винчини развоен центар“ како и можностите и иновативните содржини со кои располага кампусот.

Присутните со голем интерес и позитивен став гледаа на можностите за соработка во рамки на Програма на УСАИД за развој на заедницата која ќе биде катализатор на развој, како одржлив модел кој потоа може да се реплицира и унапредува во други географски подрачја или тематски сектори.

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.