Над 80 претставници на граѓанскиот сектор, носители на одлуки од земјите од Западен Балкан, организации од ЕУ и локални производители на храна беа дел од Третиот балкански рурален парламент и балкански самит за храна кој се одржа неодамна во Мостар.
 
Во рамки на саемот, претставници од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија како и ЛАГ Бојмија и Плачковица ги презентираа досегашните резултати на Програмата на УСАИД за развој на заедницата и претставија локална македонска храна со цел зголемување на свесноста за значењето на регионалните системи за храна, агробиодиверзитетот и рамномерниот економски раст во руралните средини.
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.