Во изминатиот период, нашите партнери во имплементацијата на Програмата на УСАИД за развој на заедницата – ЛАГ Малеш-Пијанец реализираа неколку средби и состаноци со различни локални чинители. Претставниците на месната заедница во селото Стар Истевник и селото Разловци како и претставниците од училишните заедници при ОСУ „Ацо Русковски” од Берово и СОУ „Методи Митевски Брицо“ од Делчево ги споделија своите предизвици со кои се соочува населението и дадоа предлози како истите да се надминат.
 
Во март, претставници од оваа Локална акциска група ги продолжија своите средби со локалните чинители при што се сретнаа со жителите од беровските села Русиново и Владимирово и селото Драмче во општина Делчево, како и со заедницата на жени претприемачки од Пехчево. Тие разговараа за нивните идеи и приоритети за развој и подобрување на условите за живот во руралните заедници.
 
 
 
Потоа, членовите на месните заедници во с. Мачево, општина Берово и с. Чифлик, општина Пехчево ги идентификуваа предизвиците со кои се соочуваат и како истите може да се надминат.
 
Само кога го слушаме гласот на локалната заедница може да дојдеме до одржливи решенија и напредок.
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.