Унапредувањето на развојот на руралните средини предводен од заедниците преку спроведување на LEADER пристапот е клучно за напредокот на државата.
 
Токму ова беше во фокусот на излагањето на Петар Ѓоргиевски, Претседателот на Мрежата за рурален развој. Тој беше дел од панел дискусијата посветена на Кластер 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија” во рамки на настанот посветен на годишниот Извештај на Европската комисија за РСМ за 2022 година „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!".
 
Голема благодарност до Secretariat for European Affairs и заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, г. Бојан Маричиќ за поканата.