Сте го посетиле ли новиот еко-плоштад во Старо Нагоричане? Еко-плоштадот има нова автобуска постојка и урбана опрема од реупотребено дрво со поддршка од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој во партнерство со ЛАГ Абер 2015 и останати 4 Локални акциски групи.
Во реализацијата на заедничката акција се вклучија општината, јавното комунално претпријатие, организации од граѓанскиот и приватниот сектор како и жителите на Старо Нагоричане. Погледнете како се одвиваше процесот на изградба на еко-плоштадот во видеото подолу.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.