Ви пренесуваме дел од атмосферата на првиот саем за локален развој ЛАГ Експо 2022 кој се одржа во Радовиш.
За време на ЛАГ Експо, посетителите присуствуваа на презентации и панел дискусии со претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од државата како и од регионот - Албанија, Србија, Косово и Хрватска како и на саем со штандови од локални бизниси и граѓански организации кои се наоѓаат на територијата на ЛАГ-овите Абер 2015, Беласица-Огражден, Бојмија, Малеш-Пијанец и Плачковица.
ЛАГ Експо 2022 се реализира со поддршка на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата на рурален развој на СМ и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица.
Повеќе детали може да погледнете во видеото подолу.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.