Денеска, 24-ти јануари 2023 година, тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата присуствуваше на состанок на меѓусекторската советодавна група во рамки на ЛАГ Малеш-Пијанец. Присутните разговараа за предизвиците со кои се соочуваат руралните средини и приоритетите на локалното население.

Меѓусекторските групи се составени од претставници на различен профил на чинители кои се клучни за развојот на заедницата. Тие ќе имаат за задача да ги идентификуваат предизвиците и потребите на локалното население, да ги приоретизираат решенијата за нивно решавање, да најдат начини да ја финансираат реализацијата на решенијата, да ги имплементираат и потоа да ги одржуваат.
Погледнете како течеше средбата во видеото подолу.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.