Со цел намалување на ризикот од загадување од штетни отпадни води и зголемување на атрактивноста на индустриската зона „Барта“, општина Богданци, јавното претпријатие и организации од граѓанскиот и приватниот сектор ги здружија своите сили за изградба на крак од фекална канализација во индустриската зона. Со завршувањето на оваа акција на заедницата, се реши значаен предизвик за компаниите од оваа индустриска зона, локалните земјоделски производители и населението.
 
Оваа акција на заедницата е поддржана од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементира Мрежата за рурален развој на Северна Македонија во соработка со ЛАГ Бојмија која ја покрива оваа територија и останати четири Локални акциски групи.
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.