Назив на проектот: Фер кон природата
Носител на апликацијата: Здружение на граѓани ЕКОВИТА
Партнер: Здружение на производители на органски храна Биовита – Кавадарци
Цели на проектот:
- вмрежување на засегнати страни од агро секторот во руралните средини, (рурални фармери, земјоделци, преработувачи, туристи, угостители, купувачи, сертификационо тело и тренери. и др.)
- развивање на концепт кој ќе обезбеди враќање на традиционалниот начин на одгледување на земјоделските култури, со сорти и видови кои се автохтони и адаптирани на микроклиматските услови кои постијат во руралните области на Тиквешкиот Регион
- обука и сертификација на традиционалните земјоделски култури во руралните средини, за производство на органски производи.
- обезбеден пласман на земјоделските култури во преработувачки капацитети