Назив на проектот: Доживотно учење за Рурален развој
Носител на апликацијата: Здружение за унапредување и развој на образованието на возрасни seМрежа за доживотно учење Тетово
Партнер: Здружение за рурален развој Локална Акциона Група ЛАГ Скардус, Јегуновце
Цели на проектот:
– Зајакнување на капацитетите на засегнатите страни за подобрување на состојбата во руралните средини, преку нивно вклучување во процесот на креирање на политики кои одговараат на нивните потреби
– Зголемени знаења и вештини за искористување на мерки и програми за рурален развој
– Преку вмрежувањето на различните чинители во заедницата ќе се разменат искуства и добри практики од областа и на тој начин ќе им се обезбеди потребното know-how за поттикнување рурален развој.