Назив на проектот: „Економско јакнење на руралните жени од различни етникуми од Источниот и Западниот регион“
Носител на апликацијата: Здружение на жени земјоделки АГРО-ВИНКА Виница
Партнер: Здружение Радика-Де Дебар
Цели на проектот:
Преку воспоставување на подобра соработка и размена на искуства, едукација, промоција, соработка и заедничка заложба да ги поттикниме младите и жените од различни етнички заедници од Источниот и Западниот регион (општините Виница, Дебар, Маврово Ростуше и Центар Жупа) да ги запознаат основите на претприемништвото и занаетчиството, да споделат искуства во двата региони, да развијат свои бизнис идеи и на тој начин да ги зголемат своите можности за економска независност. Да ги искористат добрите искуства и практики кои ке ги мотивираат во отпочнување на семејни бизниси, со што ке се намали невработеноста а со тоа и трендот на иселување на младите од овие рурални средини.