Во пресрет на Меѓународниот ден на жената од руралната средина кој се одбележува секоја година на 15 октомври, денеска се одржа настан во винаријата Сопот во Велес, за истакнување на клучната улога на жените во руралниот развој.
 
 
За време на настанот околу 90 претставници од институции, организации и жени од рурални средини кои се членки на Мрежата за рурален развој на С. Македонија дискутираа за влијанието на климатските промени во руралните средини, со акцент на жените. Професорката Александра Мартиновска Стојческа од Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје и Лиљана Јоноски од Рурална Коалиција, презентираа добри практики и решенија за справување со климатските промени и егзистенцијалната ранливост на руралните средини.
 
Свои воведни обраќања имаа г-ѓа Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и претседателот на Мрежата за рурален развој на С. Македонија, г. Петар Ѓоргиевски.
 
 
 
Целта на настанот беше обединување и подигнување на свеста на жените од руралните средини за нивната клучна улога во локалните заедници и општеството, потребата од поголема вклученост на жените од руралните средини во сите сфери на стопанството како и поактивно градење на нивниот претприемачки дух.
 
Настанот се реализира со поддршка на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементираме, како и ГИЗ.
 
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.