Со звуците на песната „Таму кај што си” денеска беше свечено пуштен во употреба новиот инклузивен парк „Ице Бегов” во дворот на Пионерскиот дом во Гевгелија.
 
 
Со здружени сили, бизнис заедницата, локалното население, фондацијата „Ице Бегов", општина Гевгелија и Програмата на УСАИД за развој на заедницата учествуваа во поставување урбана опрема, реквизити за деца како и инклузивни елементи во единствениот ваков парк во регионот. Имено, станува збор за парк од околу 2 000 квадрати метри кој се наоѓа во кругот на Пионерскиот дом во Гевгелија со што градот добива модерен, урбан, хортикултурно уреден простор кој ќе придонесе за поголема посветеност и интеракција меѓу граѓаните. Целиот проект чини околу 4 милиони денари и е опремен со најразлични реквизити кои треба да овозможат еднаквост за сите граѓани, без разлика на нивната попреченост и специфични потреби.

 
 
 
Продолжуваме да ја поддржуваме детската игра, радоста и насмевките и да обезбедуваме можности за сите!
 
Оваа иницијатива е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата која ја имплементираме во соработка со ЛАГ Бојмија и останати четири ЛАГ-ови.
 
 
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.