Денес, во Боговиње, децата од шест општински училишта, низ многу забава и игра, учеа за штетните последици од климатските промени и како да се намалат негативните ефекти врз локалната средина. Настанот беше организиран во рамки на кампањата „Климата се менува, од нас зависи.“ што ја спроведува проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени.
Мрежата за рурален развој на Република Македонија како импламентатор на проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, го посети настанот и на присутните им подели маички и брошури кои објаснуваат повеќе мерки за прилагодување на земјоделското производство кон климатските промени.