Денеска присуствувавме на отворањето на новиот пензионерски клуб за активно и здраво стареење во с. Моноспитово, општина Босилово. Највозрасната категорија граѓани од општина Босилово како и Муртино од општина Струмица сега имаат нов простор за подобрување на активниот и здрав начин на живот.
Претседателот на Мрежата за рурален развој на С. Македонија, Петар Ѓоргиевски и градоначалникот на општината, Ристо Манчев ја поздравија сплотеноста на заедницата за реализирање на оваа локална акција.
Акцијата е поддржана од општина Босилово, ДГТ Масон, ДПТУ Унион Мебел Дизајн и Програмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементираме во соработка со ЛАГ Беласица Огражден и останати четири Локални акциски групи.