На 3 декември во Битола, Мрежата за Рурален развој на РМ преку проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени ги презентираше појдовните мерења за влијанието на топлотниот удар врз млечноста на кравите.
Проф. д-р Методија Трајчев од Факултетот за земјоделски науки и храна, ги презентираше појдовните резултати од мерењата добиени од 3 мали демонстративни семејни фарми и 1 контролна фарма, добиени во периодот на летните месеци јуни-септември 2015 год. На презентацијата беа присутни повеќе од 50 претставници на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – АПРЗ и сточари. Преку споделување на постигнувањата и резултатите од проектните активности со советниците на АПРЗ, проектот на УСАИД се стреми да ја подигне свеста на македонскиот земјоделски сектор за штетните влијанија од климатските промени и да сподели практики кои ќе им помогнат на сточарите да се справат со проблемите предизвикани од климатските промени.
Уште една презентација на појдовните мерења ќе биде организирана на 10 декември во Струмица, каде се поканети советниците на АПРЗ и сточарите од источниот дел на Македонија.