На 22 февруари, во Штип, беше промовиран ЕУ ЛЕАДЕР пристапот, пред повеќе од 30 претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот и бизнис секторот од источниот плански регион на Р. Македонија. Мрежата за рурален развој (МРР на РМ) заедно со Центарот за развој на источниот плански регион (ЦРИПР), ги презентираше активностите поврзани со ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и даде осврт на значењето на ЛЕАДЕР како идна ИПАРД мерка во Република Македонија.
МРР на РМ, во рамките на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, предвиде низа на активности со цел афирмација на ЛЕАДЕР пристапот во општини од источниот и југоисточниот плански регион, што ќе доведе до градење на капацитетите на сите засегнати страни во руралните средини и ќе го зголеми нивното партиципативно планирање во процесите на носење одлуки од важност за заедницата.