На 18 февруари, во хотелот Романтик, Дојран, Мрежата за рурален развој (МРР на РМ) заедно со Центарот за развој на југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР), одржа информативна работилница, на која ги презентираше активностите поврзани со EU LEADER пристапот и даде осврт на значењето на LEADER како идна ИПАРД мерка во Република Македонија.
Во рамките на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, МРР предвиде реализација на активности поврзани со промоција на EU LEADER пристапот во општини од југоисточниот плански регион во кои влијанието на климатските промени се одразува негативно врз севкупното живеење на руралните домаќинства. Со афирмацијата на EU LEADER пристапот во руралните средини, МРР тежнее кон развој на капацитетите на сите засегнати страни во руралните средини со што ќе се подобри нивното знаење и способности за партиципативно планирање во процесите на носење одлуки од важност за заедницата.
Мрежата за рурален развој, во партнерство со Центарот за развој на југоисточниот плански регион ќе работи на реализација на активностите што значително ќе придонесат во подобрувањето на одржливи практики во руралните средини во Република Македонија.