Учениците од Основното училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево, низ песни и игри го одбележаа првиот ден на пролетта. Настанот кој се одржа на 21 март, беше поддржан од Мрежата за рурален развој на Република Македонија и уште неколку невладини организации од регионот на Пехчево, како Еколошкото друштво „Солза“ и Центарот за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“.
Покрај работната акција за чистење на училишниот двор, децата имаа можност да се запознаат со негативните влијанија од климатските промени врз луѓето и земјоделството. За време на настанот проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени им подели промотивни маици со слоган инспириран од климатските промени.