Филантропијата и волонтерството се клучна алка во развојот на заедницата. Во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, организиравме обука за филантропија и волонтерство на која присуствуваа претставници од Локалните акциски групи (ЛАГ-ови).
 
За време на обуката, тие дознаа повеќе за ефективните филантропски практики, нивното значење, волонтерскиот менаџмент, вклучувањето на волонтери во локални активности како и градењето меѓусекторска соработка.
 
 
 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.