Зошто е важно родово одговорно буџетирање? На ова прашање дадовме одговор за време на новата обука наменета за претставници од Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) со цел градење на нивните капацитети. Претставниците од ЛАГ-овите дознаа повеќе за овој вид буџетирање како и за значењето од поголема вклученост на жените и иницијативите наменети за подобрување на состојбата на жените во руралните средини. Овие обуки претставуваат можност за стекнување нови и унапредување на постоечките вештини на ЛАГ-овите како предводници на локалниот рурален развој во своите средини.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.