Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој на Република Македонија реализираше низа на активности поврзани со промоција на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во 4 општини од југоисточниот плански регион и тоа: Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Целта на спроведените активности беше развој на капацитетите на сите чинители во овие рурални средини со што ќе се подобри нивното знаење и способности за партиципативно планирање во процесите на носење на одлуки од важност за заедницата.

Откако беше развиен стратегиски документ за локален развој на овие 4 општини, чинителите беа поканети на 23 март, во Струмица, со цел да се запознаат подетално со критериумите и условите за пилотирање на предлог проектите, како и да добијат насоки при формирањето на проектните идеи како потенцијални предлог проекти. На настанот присуствуваа вкупно 15 претставници на граѓански организации, бизнис секторот и четирите општини.