Врз основа на потребите од обуки на членките на Мрежата за рурален развој на РМ, кои беа идентификувани во рамки на активностите на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, беше подготвен соодветен акциски план. Приоритетните цели на ваквиот акционен план се: градење на капацитетите на членството на организациско ниво и јакнење на капацитетите на членството на индивидуално ниво. Процесот започна со реализација на обука за управување со проектен циклус и пишување на предлог-проект, која беше истакната како најпотребна од страна на здуженијата-членки на МРР. На оваа тродневна обука која се одржа во периодот од 30-ти септември до 2-ри октомври 2013 год. во хотелот „Континентал“ во Скопје, учествуваа вкупно 20 претставници на граѓанските здруженија. Присутните имаа можност да се запознаат со принципите и фазите на проектниот циклус, елементите на предлог проектот, како и да стекнат знаења и вештини во пишувањето на предлог-проекти. На учесниците им беа доделени сертификати за активно учество и успешно завршена обука, и прирачници за подготовка на предло-проект.