Како дел од активноста за градење на капацитетите на Мрежата за рурален развој на РМ, спроведувана во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, на 7ми и 8ми јули во Скопје, беа организирани две обуки на кои беа поканети организациите-членки на МРР на РМ. Целта на обуките беше подобрување на комуникациските и презентациски вештини, како и стекнување на нови знаења во делот на финансиски менаџмент на проекти. Вкупно 19 претставници на граѓански здруженија активно учествуваа во обуките, потврдувајќи ги придобивките од истите и изразувајќи интерес за реализација на нови обуки на теми кои се од значење за нивното работење.