Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој на Република Македонија продолжува со спроведување на ЛЕАДЕР пристапот во Источниот плански регион преку јакнење на капацитетите на сите чинители од четирите општини: Берово, Пехчево и Македонска Каменица. Во таа насока, беше организирана работилница на 19 март, 2015 год. во Берово, на која беа презентирани ЛЕАДЕР – принципите на трипартитно јавно-приватно партнерство, пристапот „од долу нагоре“ и пристапот „Развој заснован на област“. На работилницата присуствуваа 30 претставници на јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор од регионот.