Една од целите на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, спроведуван од Мрежата за рурален развој на Република Македонија е зајакнување на капацитетите на МРР на РМ и нејзините членки.

Процесот за проценка на потребите за обука беше креиран во насока на идентификација, преглед и опис на одредени недостатоци во способностите на членките на МРР, на организациско и индивидуално ниво. Проценката беше спроведена на национално ниво, во периодот од 14 септември – 15 октомври 2012 год. вклучувајќи 22 невладини организации – членки на МРР и 35 претставници од тие организации.

Првичната анализа од одговорите на анкетираните учесници во однос на потребите за обука во невладините организации, покажа голем интерес за теми поврзани со планирање, буџетирање и прогнозирање, НВО менаџмент, стратешки менаџмент и стратешко планирање,прибирање фондови и дизајн на проект, додека главниот фокус на интерес за потенцијално подобрување на индивидуално ниво се однесуваше на теми поврзани со менаџирање на проектен циклус,  стратешко (долгорочно) размислување, планирање и менаџмент, комуникација и презентирање, делегирање на одговорности, донесување одлуки и лидерство итн.

Генерираните и анализирани информации беа искористени со цел да се развие сеопфатен план со соодветни решенија – обука и техничка помош потребни за проширување на Мрежата за рурален развој (МРР) и капацитетот на нејзините здруженија – членки за спроведување на различни програми и специфични активности поврзани со руралниот развој и климатските промени. Тоа претставува специјално приспособена програма за градење на капацитетите која вклучува две стратешки императиви – приоритетни области за интервенција: градење на капацитетите на организациско ниво и на индивидуално ниво.