По првичните промоции на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Дојран и Штип, Мрежата за рурален развој започна да организира работилници за подетално запознавање со ЛЕАДЕР методологијата и нејзините седум карактеристики:
- стратегија за локален развој заснована на територија;
- пристап „оддолу-нагоре“;
- јавно-приватно партнерство: Локална акциска група (ЛАГ);
- иновациски активности;
- мултисекторско интегрирање;
- вмрежување и
- спроведување на проекти за соработка.
Првата работилница се одржа во Гевгелија, а на 14 март, во Штип, беше организирана уште една работилница од овој тип. Претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот и бизнис секторот од југоисточниот и источниот плански регион на Р. Македонија, се вклучени во ваквите настани.
Овие активности се предвидени во рамки на компонентата за градење на капацитетите на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени и имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на сите чинители во руралните средини и да го зголемат нивното партиципативно планирање во процесите на носење одлуки од важност за заедницата.