Цел на иницијативата: уредување јавна површина и изградба на парк со урбана опрема односно детско игралиште, кое од друга страна ќе овозможи подобри услови за живот на локалното население

Активности:

  • Чистење и подготовка на просторот,
  • Тампонирање и оспособување на просторот за поставување на реквизитите,
  • Обезбедување реквизити за деца,
  • Поставување на реквизитите за деца,
  • Набавка на материјал за клупи, маси и канти за отпадоци,
  • Изработка и монтажа/поставување на урбана опрема канти, клупи и маси,
  • Набавка на боја, спрејови за мурали и заштитна опрема за артистите,
  • Цртање мурали,
  • Изработка на информативна табла.

Вклучени локални чинители: Општина Куманово, Центар за Ромска Заедница ДРОМ, ДОО Ватајо – Куманово, КООП Инжинеринг, Здружение на артисти за графити и мурали Форма и жителите на Куманово

 

 

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.