Дечињата од предучилишна возраст кои живеат на територијата на општина Пехчево, добија нов, уреден простор во дворот на градинката ОЈУДГ „7 септември“ Пехчево, кој пружа можности за холистички развој преку комбинирање на детската физичка и ментална активност.
Детето најдобро учи низ игра, па оттука, целта на пректната иницијатива “Еднакви можности за сите деца” е да им обезбеди на сите деца можности за психомоторен развој преку различните игровни активности кои ги стимулираат детските сетила.
Оваа локална акција беше спроведена од страна на Мрежата за рурален развој и локалниот партнер ЛАГ МАлеш-Пијанец, во соработка со локалните субјекти: Термо-Сани Робово, ЈМ Инженеринг Пехчево, Требомир-ДООЕЛ Пехчево, Андреј-Компани ДООЕЛ Штип и здружениеато Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“.
Реализацијата на оваа проектна иницијатива беше овозможена од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, спроведувана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.