Цел на иницијативата: создавање на нов спортско-рекреативен центар, збогатување на спортскo-рeкреативната туристичката понуда во општина Ново Село
Активности:
- Санирање на оштетен асфалт на улицата, од патниот правец Ново Село – Бугарија, до спортска сала;
- Поправка на оштетените канделабри на улицата, од патниот правец Ново Село – Бугарија, до спортска сала;
- Сеидба на садници липа и тополи
- Поплочување на патеки;
- Поставување на осветление;
- Засејување на нови површини со трева;
- Поставување на нови фитнес реквизити;
- Создавање на ново шеталиште;
- Поставување сигурносна ограда;
Вклучени локални чинители: Општина Ново Село, ЈПКД Комуна – Ново Село, ООУ Мануш Турновски – Ново Село, ДГТУ Пирамида, ДГТУ Мајстор Компани и жителите на Ново Село.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.