Цел на иницијативата: Создавање нов рекреативен простор, односно модерен, урбан, хортикултурно уреден инклузивен јавен парк во Гевгелија, дизајниран за луѓе од сите способности, кој ќе поттикнува пристапност, безбедност и чувство на припадност

Активности:

  • Изработка на идеен проект и елаборат за поставување урбана опрема;
  • Собирање донации од компании и физички лица преку кампања, состаноци со донатори и организирани акции;
  • Подготвителни работи, земјени работи, партерно уредување и слично;
  • Набавка, транспорт и изработка на клупи и корпи за отпадоци;
  • Изработка, транспорт и поставување на летниковец;
  • Набавка, транспорт и поставување на детски лулашки;
  • Набавка, транспорт и поставување на клацкалки;
  • Набавка, транспорт и поставување на детски реквизит за качување;
  • Набавка, транспорт и поставување на ротациона играчка за лица со посебни потреби;
  • Набавка, транспорт и поставување на фитнес справа наменета за лица со посебни потреби;
  • Изработка, транспорт и поставување на држачи за паркирање и заклучување на велосипеди;
  • Набавка, транспорт и поставување на тростепена чешма за пиење на вода со сите потребни фасонски елементи.

Вклучени локални чинители: Фондација Ице Бегов, Итек Системс, Општина Гевгелија, Феро Монт, Електронова, СПС Инженеринг, Ман Електроникс и жителите на Гевгелија.

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.