Цел на иницијативата: Целосна ревитализација, односно уредување и оплеменување на плоштадот на Општина Старо Нагоричане, преку поставување нова урбана опрема, систем за заштеда на електрична енергија потребна за oсветлување на плоштадот и автобуски постојки со информативни мапи за потребите на населението и други посетители, направени од еколошки и реупотребени материјали.

Активности:

  • Изработка на премер/пресметка и техничка документација со спецификација
  • Изработка на елаборат за поставување на урбана опрема
  • Изработка на туристички информативни мапи
  • Изработка на кратко видео (пред и после) за иницијативата
  • Демонтирање, преработка, монтирање и дополнување на урбаната опрема
  • Рачна изработка на дрвени седишта на амфитеатарот
  • Рачна изработка на канти за отпадоци
  • Набавка и монтирање на апарати за автоматко палење и гасење на улично осветлување како дел од енергетско ефикасна опрема за расветлување
  • Изработка и поставување на железна конструкција за автобуска постојка
  • Обложување со природни материјали на автобуската постојка
  • Чистење и хортикултурно уредување на плоштадот

Вклучени локални чинители: Општина Старо Нагоричане, Комунално претпријатие - Општина Старо Нагоричане, проектантско и урбанистичко биро СТАН АРТ, здружение на граѓани ЕКО ТИМ, ФАМ инжинеринг, ДПП Еврос Комерц ДОО и жителите на Старо Нагоричане.

 

 

 

 

 

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.