Цел на иницијативата: Подобрено управување со отпадните води во индустриската зона Барта преку соработка на локалната заедница, обезбедување услови за одржливост на животната средина и намалување на ризиците по здравјето на населението како и унапредување на атрактивноста на индустриската зона за понатамошни инвестиции и зголемен (локален) економски развој.

Активности:

  • Земјени работи
  • Тесарски работи
  • Набавка, транспорт и монтажа на 2 (два) двослојна полипропиленска ребраста (ППХМ) цевка
  • Набавка, транспорт и вградување на шахти и железен капак
  • Кампања за информирање на јавноста за иницијативата и резултатите

Вклучени локални чинители: ТУРАН Иван ДООЕЛ увоз-извоз Богданци, НЕОКОМ АД Скопје, Риве Шпед ДООЕЛ Богданци, ЗГ „Центар за животна средина и одржлив развој“, Општина Богданци, ЈП „Комунална чистота“ - Богданци и жителите на Богданци

 

 

 

 

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.