Цел на иницијативата: Подобрен изглед со зелена површина и парк во село Чанаклија, општина Василево и унапредување на квалитетот на животот на населението
Активности:
- Обележување, расчистување и порамнување на теренот наменет за новиот парк;
- Поставување на патека од бекатонски плочки;
- Посев на трева, различни растенија и дрва;
- Поставување урбана опрема – клупи за седење и корпи за отпадоци;
- Изработка и монтажа на водоводна шахта.
Вклучени локални чинители: Општина Василево, ЈП Турија, Гарден Центар Ристови и жителите на с. Чанаклија.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.