Цел на иницијативата: Подобрување на инфраструктурата во руралното населено место согласно потребите на жителите
Активности:
- Расчистување и обележување на градилиштето;
- Машински ископ и насипување на земја и поставување на подлога;
- Поставување бетонски ивичници, бетонски ѕидови за седење и бекатон плочки;
- Набавка и монтажа на урбана опрема (дрвени клупи, дрвени даски за седење и дрвени корпи за отпад);
- Засадување на дрва.
Вклучени локални чинители: Општина Конче, ЈКП Лакавица, ЕЛДИСИ ДООЕЛ Лубница и жителите на село Лубница.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.