Цел на иницијативата: создавање нов простор за активно и здраво стареење во центарот на населеното место Моноспитово, кој ќе биде во функција за подобрување на социјализацијата, активниот живот на највозрасната група на луѓе

Активности:

  • Варосување на просториите;
  • Набавка на кујнски елементи вклучително и шпорет, фрижидер, кујнски садови;
  • Набавка на маси (за внатре и за надвор);
  • Набавка на столови (за внатре и за надвор);
  • Набавка на опрема за забава (шах, домино, пикадо, телевизор);
  • Набавка на книги и полици за истите;
  • Реконструкција на постоечка инфраструктура за седење во двор, со засадување на дрвја;
  • Изградба на летниковец;
  • Чистење на одводен канал и санација на ограден ѕид;

Вклучени локални чинители: Општина Босилово, ЈПКД Огражден Босилово, Алаџови Мебел, ДГТ Масон, Кристи мебел и жителите на Моноспитово.

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.