Цел на иницијативата: одбележување, уредување и промоција на првата мултифункционална спортска патека за јавање коњи, пешачење, велосипедизам и возење четвороцикли во североисточниот регион за рекреација и афирмација, развој и збогатување на традицијата на спортот во државата.

Активности:

  • Одбележување и мапирање на патеката;
  • Изработка на дизајн и модел на информативни табли со кодекс на користење;
  • Изработка на дизајн и модел на информативна табла за панорамско разгледување;
  • Изработка на дизајн и модел на патокази и знаци;
  • Изработка на дизајн и модел на настрешница за одмор на коњите;
  • Набавка на дрвени информативни табли;
  • Набавка на метална информативна табла;
  • Набавка на знаци и патокази;
  • Набавка на материјал за настрешница за одмор на коњите;
  • Набавка и посипување ситен песок;
  • Расчистување и уредување на патеката;
  • Собирање и транспортирање отпад;
  • Изградба и поставување на настрешница за одмор на коњите;
  • Поставување метална информативна табла за панорамско разгледување;
  • Поставување знаци и патокази;
  • Поставување дрвени информативни табли;

Вклучени локални чинители: Ресторан Фрателис, Фабрика за производство на вода Визиана, Здружение на граѓани „Храм св.Ѓорѓија“ село Бељаковце, Здружение на планинари Козјак, Коњички клуб ВИСПЕР, Месна заедница село Бељаковце и жителите на Куманово

 

 

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.