Цел на иницијативата: обезбедување услови за згрижување и воспитно-образовно влијание на децата од предучилишна возраст во оваа рурална средина, подобрување на квалитетот и зголемување на обемот на знаењата кај нив, намалување на миграцијата на населението и вклучување на жените во работната сила.

Активности:

  • Опремување простории каде ќе се одвива воспитно-образовниот процес;
  • Набавка на дидактички материјали кои се потребни за изведување настава;
  • Ангажирање стручни лица од областа на предшколското образование.

Вклучени локални чинители: Општина Босилово, Рурален центар Огражден, Студио ВиС ДООЕЛ Струмица, ООУ Св. Кирил и Методиј - Иловица и жителите на Радово.

 

 

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.