Цел на иницијативата: подобрување на нивото на осветлување во централното градско подрачје на општина Делчево, постигнување финансиска ефикасност за уличното осветлување и заштеда за одржување

Активности:

  • Промоција на проектот – изработка и поставување на информативна табла за видливост,
  • Набавка и поставување на LED светилки 30W согласно предмер,
  • Ангажирање електро инженер за контрола на изведба на светилки и демонтажа нa стари и вградување нови LED диоди,
  • Набавка и поставување на нови столбови со светилки,
  • Набавка на фарба, четки, растворувач, опрема за фарбање,
  • Фарбање столбови,
  • Поставување на LED диодни рефлектори на летна сцена,
  • Набавка и поставување на клупи.

Вклучени локални чинители: Општина Делчево, ЈКП Брегалница, Регионален центар за застапување Делчево, Вел дарц ДООЕЛ Делчево, Бравура кооперaтива, Рома транс, Тренд ком и жителите на Делчево

 

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.