Цел на иницијативата: подобрување на квалитетот на постоечките социјални услуги и унапредување на социјалната инклузија на децата со посебни потреби преку поставување на две летни училници за деца со попреченост во дневните центри за деца со попреченост за општините Липково и Куманово

Активности:

  • Набавка на градежни материјали потребни за училниците на отворено;
  • Изградба и монтирање на опремата потребна за училниците;
  • Набавка на зимзелени садници кои ќе се засадат во дворот на Центарот за деца со попреченост и градинката во село Оризаре, општина Липково.

Вклучени локални чинители: ДОО Ватајо и жителите на Липково и Куманово

 

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.