Цел на иницијативата: уредување детско игралиште како забавен парк во самиот центар на с. Владимирово, односно училиштен двор уреден со содржини за забава на деца, но и место за одмор и дружење на целото население
Активности:
- Подготовка на документација;
- Расчистување на теренот, порамнување и уредување на постелка на бетонска плоча;
- Бетонирање на АБ плоча;
- Набавка, транспорт и вградување мрежеста арматура
- Набавка и поставување гумени плочи на детско игралиште со лепење на рамна, чиста и сува бетонска подлога;
- Набавка и монтажа на комплет куќичка со кров и ограда со додатни елементи;
- Изработка и монтажа на клупи за одмор;
- Изработка и монтажа на корпи за отпадоци;
- Цртање на забавно едукативни игри во училишниот двор и по надворешните ѕидови на училиштето;
- Поставување информативни табли;
- Осветлување на просторот каде се наоѓа елементот за анимација;
- Набавка на фарби и фарбање на постоечките елементи на детското игралиште;
- Подготовка на традиционални производи за промотивниот настан.
Вклучени локални чинители: Општина Берово, ЈПКР Услуга, здружение Владимирски Илинденски средби, ЈТД Кладенче, Караџузлиа транспорт ДООЕЛ, Таковски Мат ДООЕЛ, ПЕЛА Милан ДООЕЛ, ООУ Дедо Иљо Малешевски – ПУ Владимирово
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.