Повеќе од 30 претставници од македонските Локални акциски групи (ЛАГ-ови) Абер 2015, Беласица-Огражден, Бојмија, Малеш-Пијанец и Плачковица како и гости од ЛАГ-ови од Албанија, Србија, Косово и Хрватска беа дел од студиска посета во општините Конче, Демир Капија и Дојран во рамки на ЛАГ Експо 2022.

 

 

Тие имаа можност да дознаат повеќе за проектот на ЛАГ Плачковица со кој се поставија фотоволтаици на општинската зграда во Конче како и за заедничката локална акција за уредување на центарот на селото Лубница како дел од Програмата за развој на заедницата. Посетата продолжи кон езерото Мантово и „влашките колиби“ кои се дел од културното наследство на општина Конче, потоа во Демир Капија и винаријата „Попова Кула“.

 

 

Следната дестинација на учесниците беше градот Дојран, каде на шеталиштето учесниците ги слушнаа приказните за локалните производи на Бранко Попов кои вклучуваат маслинки, слатко од смокви и голем број на овошни сокови и пробаа кафе направено на специфичен начин во песок. Студиската посета заврши во Природонаучниот музеј во Дојран со впечатливите артефакти и предмети од научно, културно и историско значење за овој град каде што беше презентиран начинот на ловење риби со помош на птици корморани.

 

 

Студиската посета беше поддржана од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата на рурален развој на СМ, како и од Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect.

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.