Програмата има за цел да стимулира соработка помеѓу националните власти и граѓанското општество да се воспостават мерките ЛЕАДЕР на национално ниво или во ИПАРД II, како и да ги поддржи постојните ЛАГ иницијативи и грас рут организациите активни во областа на руралниот развој.

Активностите во рамките на оваа Програма се насочени кон следново:

  • Подобрување на националниот дијалог за ЛЕАДЕР и за Локалниот развој воден од заедницата CLLD со националните органи и претставниците на граѓанското општество;
  • Подобрување на локалниот дијалог за ЛЕАДЕР и Локален развој воден од заедницата (CLLD) помеѓу националните органи, локалните власти и граѓанското општество, со цел да се промовира разбирање за ЛЕАДЕР и за Локалниот развој воден од заедницата во локалните заедници во земјите од Западен Балкан и Турција;
  • Поддршка за локалните и подрегионалните иницијативи за создавање Локални акциски групи или локални партнерства.

Грантовата програма за изградба на капацитетите и застапување во рамките на граѓанското општество е дизајнирана да ги зајакне капацитетите на избрани организации активно да се ангажираат на полето на одржливиот рурален развој. Тоа ќе се оствари преку обезбедување поддршка во изградбата на капацитетите и  можностите за практично спроведување на стекнатото знаење врз ЛЕАДЕР и Локалниот развој воден од заедницата.

Како да се аплицира

Апликациите – барањата, како севкупната придружна документација наведена во АЛТЕР водичот за грант, мора да се испрати до altergranting@gmail.com и тоа најдоцна до 23:59 часот на 17 декември, 2017. Потенцијалните апликанти може да испратат прашања за Грантовата програма или за документите што треба да се достават на info@ruralnet.mk  најдоцна до 1 декември.

Документи за преземање 

Информативни состаноци

За сите заинтересирани кандидати, информативните состаноци, инфо денови, поврзани со овој повик, ќе бидат организирани на:

    27 ноември во 11:00 часот, во хотел „Карпош“, Скопје,
    29 ноември, во 11:00 часот, во ресторан „Бистро Бар“, Прилеп,
    1 декември, во 11:00 часот, во ресторан „Лонгуров“, Штип.