Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, финансиски поддржана од We Effect, отвора јавен повик за поднесување на апликации за селекција на партнер(и) за интервенција за зајакнување на вредносните синџири во земјоделскиот сектор преку воведување на нов(и) преработен(и) производ(и) / услуги.
Главната цел на овој повик е да се ангажираат заинтересирани и соодветни страни кои ќе бидат ангажирани како партнер(и) за интервенција и ќе бидат одговорни за спроведување на интервенцијата развиена врз основа на тестиран бизнис модел. Целта на интервенцијата е да се подобри и зголеми пристапот до пазар на малите земјоделски стопанства преку воспоставување и зајакнување на пазарните системи во земјоделското производство, преку воспоставување на соработка и анимирање од страна на интервентниот партнер (преработувач, откупувач) кој би бил заинтересиран за развој на нов производ или нова услуга.
Кандидатите треба да ги достават сите потребни документи на следните е-маил адреси: elizabeta.r@ruralnet.mk, vancho.n@ruralnet.mk и vasko.g@ruralnet.mk. Краен рок за аплицирање е 02.09.2022 година.
Повик за партнер(и) за интервенција