Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (МРР на СМ) има потреба од проектен координатор за потребите на проектот „Поддршка за развој на Национална стратегија за обезбеденост со храна“ финансиран од ФАО.

Опис на работните задачи:

  • Подготовка на потребни материјали за презентација за состаноци;
  • Надгледување на тековниот проект и координација;
  • Да се придржува до буџетот преку следење на расходите и спроведување мерки за заштеда на трошоците;
  • Комуникација со засегнатите страни за да ги идентификува и дефинира проектните активности и цели;
  • Да споделува информации, препораки и заклучоци со МРР на СМ.

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома;
  • Најмалку две години искуство во сродна област;
  • Вербални, писмени и презентациски вештини;
  • Компетентност во апликациите на Microsoft вклучувајќи Word, Excel и Outlook;
  • Познавање на управување со датотеки, транскрипција и други административни процедури;
  • Способност за работа во тесни рокови.

Детален опис на работните задачи е наведен во ToR-от кој може да го најдете во продолжение.

Заинтересираните кандидати да го достават или испратат своето CV во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на СМ на адреса: ул. Коста Веселинов 3а, Скопје, или во електронска форма на e-mail адресата: info@ruralnet.mk, најдоцна до 21.06.2022 год.

 

ToR for project coordinator for the project "Supporting the Development of the National Strategy for Food Security"